Втор ден расправа за буџетот за 2024-та
За власта развоен, за опозицијата мегаломански - втор ден пратениците дебатираат за буџетот за следната година, кој ќе тежи 5,5 милијарди евра...
Опозицијата обвинува дека за неуспехот на власта секогаш е виновен друг..за нив ова е нереален буџет без визија. Јавниот долг е над 60 проценти,а власта пред крај на мандат сака да помине и ваков историски највисок буџет, подготвен за изборни поткупи...
Мнозинството пак во одбрана дополнетиот буџет, велат иако се носи во кризни времиња, ги содржи сите параметри за да обезбеДи одржлив економски раст.
Главните забелешки се однесуваат на задолжувањата, недоволно одвените средба за здравствениот систем, културата но и за загадувањето.
Иако според Деловникот на Парламентот расправата трае 5 рабтни дена, очекувањата на мнозинството се дека за буџетот ќе се гласа во среда попладне...
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар