Втор ден од министерскиот состанок во Солун
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски и денеска во Солун учествува на министерскиот состанок со колегите од Грција, Бугарија и Албанија, посветен на прекуграничната соработка во контекст на кризата со бегалците и мигрантите.
Состанокот, кој почна вчера, се одржува со цел зајакнување на дијалогот и проширување на перспективите за понатамошна прекугранична соработка во областа на координацијата и справувањето со заедничките предизвици, како што се бегалската и миграциската криза.
Попоски пред почетокот на средбата вчера изјави дека состанок веќе подолго време е планиран и оти доаѓа во добар момент, бидејќи е крајно време да се упатат неколку значајни пораки во однос на справување со мигрантската криза.
Главна тема на дискусија на вчерашниот состанок беше прекуграничната соработка, не само во врска со прашањето за бегалците и мигрантите, туку и за прашања кои се однесуваат на програмите на Европската унија, соработката во економскиот и културниот сектор, како и во образованието.
Денеска прво ќе се одржи состанок меѓу претставници на министерствата за внатрешни работи на Грција, Македонија, Албанија и Бугарија, по што ќе следува нивни заеднички состанок со министрите за надворешни работи.
На дневен ред на денешните состаноци се полициската соработка, соработката во областа на граничното управување и борбата против трговијата со илегални мигранти и терористичките мрежи. Исто така, разговорите ќе се фокусираат и на хуманитарната димензија на миграцијата и ќе се истражуваат области за соработка и подобра координација за управување со бегалската и миграциската криза.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци