Втор циклус од проектот „Почувстувај ја Македонија со шестото сетило - срцето“
Од денеска до средината на март 2016 година во 12 општини ќе се реализира вториот циклус од проектот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило - срцето“ на Младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ во соработка со претставници на културата од земјава и од Балканот.
Во настаните ќе бидат вклучени писатели, научници, актери, музичари, ликовни уметници, хуманитарни организации, а проектот е поддржан од голем број здруженија на граѓани и институции.
- Идејата е нашите настани да не се одржуваат во библиотеки и домови на културата, туку да го испочитуваме обичниот, простодушен, но мудар народ кој живее во селата. Не може да се опише чувството кога 80-годишни изработени и чесни селани седат заедно со нивните внуци и слушаат како некој со големо внимание за нив рецитира поезија, пее оперска арија, глуми и им подарува книга, соопшти Младинската организација „Почувствувај ја Македонија“.
Проектот ќе почне денеска во општина Струга, а до март идната година ќе продолжи во општините: Дојран, Битола, Крива Паланка, Берово, Маврово, Македонски Брод, Свети Николе, Кочани, Велес и Чашка, Демир Капија, Куманово.
Ново на Сител
-
Леброн Џејмс ја прекина неверојатната серија која траеше 20 години
-
ФЕИТ ги отвори вратите за идните студенти
-
Волкановски го врати УФЦ појасот и го собори рекордот во „перо“ категорија
-
Заедничка вечера на шефовите на дипломатиите од ЕУ и Западниот Балкан во Луксембург
-
Муцунски со бројни билатерални средби на маргините на Анталија Дипломатскиот форум
-
Најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија
-
Норвешка ќе додели речиси милијарда долари за украинска бригада
-
АХВ спроведува вонредни засилени контроли пред Велигден