Вселенскиот патријарх му подари на архиепископот Стефан комплет архиепископски панагии
Раскошен комплет од архиепископски панагии за време на официјалниот прием на целата црковна и државна делегација од Република Северна Македонија, му подари Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј на охридскиот архиепископ г. г. Стефан.
По завршувањето на неделната богослужба во соборниот храм на Вселенската патријаршија, на која за првпат после повеќе од два века вселенски патријарх сослужува со охридски архиепископ,
блажениот патријарх Вартоломеј уште еднаш нескриено ја искажа својата голема љубов кон архиепископот Стефан.
Тој пак, видно воодушевен, од своја страна несомнено ја изрази верноста и надежта во застапништвото и просветлението на вселенскиот патријарх во врска со решавањето на конечниот статус на нашата Црква.
Овој дар е уште едно признание на големото архиепископско достоинство на архиепископот Стефан и огромната почит која блажениот патријарх Вартоломеј ја негува кон нашата Света Охридска Архиепископија.
Ново на Сител
-
ОН: Во 2023 година за 72 проценти зголемен бројот на цивилни жртви во конфликтите ширум светот
-
Малолетник со мотор прегази жена во Шабац
-
Десетици севернокорејски војници ја минаа границата со Јужна Кореја
-
Мбапе се пошегува по повредата на носот
-
Тејтум конечно дојде до НБА прстенот
-
Автогол и донесе на Франција победа над Австрија
-
Жиру: Повредата на Мбапе остави белег во победата над Австрија
-
Обилните дождови усмртија најмалку седум лица во Еквадор