Вселенската Патријаршија ќе го разгледа македонското барање за враќање во канонски рамки како Охридска архиепископија
Во рамки на надлежностите и прерогативите на Вселенскиот патријарх, ќе биде разгледано и ќе се преземе тоа што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија, соопштија од Вселенската Патријаршија, откако добиле барање и писмо од македонскиот премиер.
Ова барање Светиот синод на Вселенската патријаршија го разгледало на вчерашниот состанок, јави дописничката на МИА од Атина, ова б .
- Беше разгледано барањето на расколничката црква во Скопје, барање поддржано и преку писмото на премиерот на ПЈРМ, господинот Зоран Заев, за преземање иницијатива од Вселенската Патријаршија за враќање на црквата во канонски рамки под името Охридска архиепископија и одлучи да се разгледа и да го стори тоа што треба врз основа на условите, што не можат да се прекршат, на историските и канонските надлежности и прерогативите на Вселенскиот патријарх, соопштуваат од Вселенската Патријаршија.
Ново на Сител
-
Тошковски: Има обиди за подгревање на меѓуетнички тензии, МВР жестоко ќе одговори
-
Рибар извлекол седум тромблонски мини од Вардар
-
Времето сончево но постудено, ќе дува ветер до 70км/ч
-
Меџити за првите 100 дена Влада: Се соочивме со деструктивна опозиција
-
Граделе бесправно, поднесено обвинение против двајца охриѓани
-
Што не треба да се јаде пред спиење - ова се најштетните закуски
-
Не го чувајте чоколадото во фрижидер
-
Путин: Во Украина ќе се постигнат сите поставени цели