Времето сончево но постудено, ќе дува ветер до 70км/ч
Времето до крајот на денот ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70км/ч.) Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје, температурата ќе биде до 19 степени.
Утре и во среда времето ќе биде стабилно и сончево со студени утра. Во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.
- Под влијание на циклонска активност во петок, за време на викендот и почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме, соопштуваат од УХМР.
Ново на Сител
-
Меџити за првите 100 дена Влада: Се соочивме со деструктивна опозиција
-
Граделе бесправно, поднесено обвинение против двајца охриѓани
-
Што не треба да се јаде пред спиење - ова се најштетните закуски
-
Не го чувајте чоколадото во фрижидер
-
Путин: Во Украина ќе се постигнат сите поставени цели
-
ЦУК: 1.643 повици на 112
-
Спасен пливач од Дојранското Езеро
-
Расчистени диви депонии во Бутел и Чаир