Врз жена паднал тросед од покривот: Излегов на пауза за ручек и останав инвалид, нејзината порака е лекција за сите
Едита Буткевичијут (30) која живее и работи во шкотски Абердин, скршен и е ’рбетот на три места, бутната коска и скочниот зглоб, смачкана и е клучната коска и ошетен црниот дроб откако врз неа на улица паднал кауч.
„Целата сум искршена. Не можам ниту момчето да го прегрнам. Ми рекоа дека ќе можам повторно да одам, но факт е дека животот ми е уништен поради глупости. Ќе бидам инвалид“, вели таа и додава дека момчето Даниел Фереира веројатно ќе мора да се грижи за неа.
Едита зборувала по телефон со Даниел на паузата за ручек кога кауч врз неа паднал од покривот, при исфрлање од стан во поткровјето. Младата жена 40 минути лежела згмечена под троседот, пред случаен минувач конечно да ги случне нејзините лелеци. Нејзиното момче е Португалец кој од несреќата не се одвојува од неа. Менаџерката на салонот во која Едита работи педикир, изјави дека таа е силна личност.
„Таа е психички силна и веќе успеала да ги направи првите чекори по несреќата“, рече таа.
Мажи на возраст од 31 и 26 години се обвинети за инцидентот.
„Имавме толку многу планови и се радувавме на годишниот одмор, а сега се прашуваме како ќе ги платиме сметките“, вели Едита која на почетокот мислела дека ќе остане парализирана.
Едита не се предава.
„Знам дека повторно ќе одам. Среќна сум што сум жива, знам дека ќе биде тешко, но многу сум позитивна, ќе дадам се од себе“, рече таа.
Ново на Сител
-
Маж пронајден починат покрај опожарено товарно возило на автопатот Велес-Скопје
-
29-годишен прилепчанец преку лажен женски профил наведувал деца да разменуваат експлицитни слики и видеа
-
Халанд е најбрзиот кој стигнал до 100 голови во историјата на Премиер лигата
-
Српскaта полиција: На протестите во Белград 107.000 луѓе
-
Стоилковиќ кон Костовски: Ве напумпавме на избори, да не сакате и некое друго пумпање?
-
52-годишна жена пронајдена мртва во својот стан во Гази Баба
-
Лице пукало кон малолетник на Бит Пазар
-
Реки народ од сите страни на протестот во центарот на Белград