Врвен експерт за вакцини oткрива низа пропусти во Министерството за здравство на САД
Високопоставен специјалист во американското Министерство за здравство, синоќа поднесе жалба до независното државно обвинителство (ОСЦ) за низа пропусти во работењето на високи официјални лица во министерството.
Д-р Рик Брајт до неодамна беше заменик во министерството и како специјалист за развој на вакцини директоруваше со Управата за биомедицински напредни истражувања (БАРДА). Тој одговарал на д-р Роберт Кадлек, помошник на министерот, кој пак е под директно раководство на Алекс Азер, министер за здравство на САД.
Брајт беше отповикан како раководител на БАРДА и демонтиран на пониски задолженија на 20 април.
Во жалбата, тој набројува низа пропусти извршени од Кадлек и наведува дека изразил загриженост за подготвеноста на САД за одговор во случај на пандемија уште во јануари, но дека поради политички причини, во министерство не обраќале внимание поради постојаните смени на раководствата. Азер беше назначен на позицијата министер при крајот на јануари.
-Дури и откако пандемијата го нанесе првиот удар, се извршуваа непромислени барања за инвестирање во лекарства, вакцини и други технологии без неопходен научен ветинг или без научна основа, вели свиркачот во жалбата.
Брајт праќал забелешки за овие пропусти, и барал милијардите долари одобрени од Конгресот да бидат искористени за борба против Ковид-19 со сигурни и научно одоборени решенија, но тој бил отповикан, се вели во жалбата.
Од службата Бил отстранет по кратка постапка, откако споделил некласифицирани пораки со новинар за опасноста од употреба на лекот хидрокси хлорокин, во кои се вели дека тој лек е токсичен, но поради политички одлуки бил брзо порачан и увезен од такви земји како Пакистан и Индија.
Посочува дека Азер и Кадлек се оние кои го организирале неговото заминување од службата.
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект