Врнежите полека ги полнат хидроакумулациите во Струмичко
Врнежите од дожд полека ги полнат хидроакумулациите во Струмичко и почнува да се собира доволно вода за наредната сезона за наводнување.
Ова го соопшти Лазо Ѓоргиев, директор на АД Водостопанство на Македонија-Подружница „Струмичко Поле“, Струмица, кој додава дека најголемите акумулации „Турија“ и „Водоча“ се полнат со очекуваното темпо.
-Според денешните мерења во „Турија“ досега има акумулирано 25,8 милиони кубни метри вода од вкупно 50 милиони, а во „Водоча“ 10,1 од вкупно 27 милиони кубни метри вода. Очекуваме и помалите акумулации „Новоселка“, „Маркова река“, „Чаушица“ и „Иловица“ да се наполнат, бидејќи во наредниот период се најавуваат обилни врнежи и снег, изјави Ѓоргиев.
Инаку,од акумулацијата „Турија“ градот Струмица и населени места трошат меѓу 5 и 6 милиони кубни метри вода за пиење годишно, а за наводнување се користат 18 милиони кубни метри вода, додека од браната „Водоча“ се трошат околу шест милиони кубни метри вода за наводнување.
Ново на Сител
-
Запленети околу 1500 парчиња пиротехника во светиниколско
-
Општините и министерствата потрошиле над 2 милиони евра за адвокатски услуги во 2023
-
Нѐ чека уште едно пеколно лето, научниците предвидуваат дека 2025 ќе биде една од најтоплите во историјата
-
Во „голф“ превезувал 8 мигранти, уапсен 28 годишен Турчин
-
Случајот „Беса Транс“ падна на Апелација, се враќа на почеток
-
Уапсени осум лица и пронајдени 50 пиштоли во акцијата на грчката полиција за разбивање на турската мафија во Атина и Солун
-
Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година
-
Делфини во Мексиканскиот Залив позитивни на кокаин