-->
-->
Врне снег во Босна и Херцеговина, еве кога и во Македонија ќе пристигне снегот и вистинската зима
-->

Снежни врнежи ги изненадија граѓаните на Босна и Херцеговина. Снег падна на Купрес на југозападот на зeмјата.
Според порталот „AccuWeather“ декември ќе биде благ со температури кои се нешто над просекот за овој период од годината, но голема е веројатноста дека децата нема да имаат преголеми шанси да му се радуваат на снегот.
За регионот во кој што влегува и Македонија, според прогнозите се очекува декември да има просечна температура со околу степен и половина над просекот.
Постои и можност на повремено спуштање не екстремно студени воздушни маси од Арктикот кој би ги спуштиле температурите на воздухот и под 20 степени, но ова е сосема нормална појава за нашиот дел од Европа во текот на зимскиот период. Исто така со спуштањето на студените воздушни маси од Арктикот и северот и од североисток од Европа и судирајќи се со топлите морски воздушни струење над нашите краишта, може да се формираат циклонски системи кои условуваат врнежи од снег и вистинска снежна бајка, но ова ќе се случува во првите месеци од следната година.
За Нова година се очекува поприлично топла ноќ, па наместо снег граѓаните можат да очекуваат дождлив ден. Долгорочните прогнози укажуваат дека оваа зима ќе биде мека, со невообичаени и натпросечни температури.
Што се однесува до снегот, се очекува тој да се појави некаде во втората половина од декември, односно во периодот од 24 до 26 декември. Но важно е да се спомене дека тоа е само појава на снег, но не и снежна покривка која со нетрпение ја очекуваат најмладите. Можно е тогаш да ги видиме снегулките во текот на вечерните или утринските часови, но до формирање на снежни покривки нема да дојде.
Вистинската зима не очекува дури во јануари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски и трговците постигнаа договор за цените на храната
-

Тема на денот со проф. д-р Димитар Трајанов, раководител на проектот „Везилка“, прва национална фабрика за ВИ
-

Поевтинуваат горивата, Мицкоски бара маркетите веднаш да ги намалат цените на основните производи
-

Размена на ресори можна опција во владината реконструкција
-

Гаши утре на средба со бугарската колешка Доцова во Софија
-

Амандманска расправа за законите за судска и јавнообвинителска служба
-

Сите осомничени за криминалот во ФФМ се обезбедени
-

Нема решение за 50-те лица кои останаа без договори за работа на Детска клиника
