Врие во СДСМ по вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ - членството и раководството се откажуваат од Заев
Голема караница во опозициските редови предизвикал вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од раководството и партиското членство му префрлило на Заев дека по она што вчера се случуваше вчера во Скопје, веќе ниту еден човек во Македонија не верува дека СДСМ може да направи било што на изборите во декември. Дел од раководството смета дека СДСМ лошо ја води предизборната кампања и дека на две недели пред изборите, веќе е јасно дека разликата со ВМРО-ДПМНЕ ќе биде изразена со околу 150.000 гласови.
Капак на се ставило и вчерашното појавување на митингот на ВМРО-ДПМНЕ на австрискиот министер за внатрешни работи. Себастијан Курц. Дел од раководството и членството му предочило на Заев дека додека СДСМ на своите митинзи вика пропаднати политичари од редот на Станишев и Ховит, на митингот на ВМРО-ДПМНЕ се појавува еден од клучните играчи во европската политика и дипломатија, што јасно ставило до знаење пред граѓаните, дека меѓународниот фактор ја усмерува поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ откако станало јасно дека СДСМ, едноставно нема капацитет да направи нешто повеќе.
И политичките аналитичари испратија јасни пораки дека на овие избори СДСМ нема што да бара. Според нив, прашањето не е кој ќе ги добие изборите, туку колкава ќе биде разликата со која ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи СДСМ. Според нив, би можело да се очекуваат околу 150.000 гласа разлика, што доколку се исполнат сите услови, може да донесе апсолутно мнозинство за ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот законодавен дом.
Ново на Сител
-
ЈСП има нафта за уште 3 до 5 дена - Тендерот за набавка заврши, ама не се знае дали е успешен
-
Протест против загадениот воздух идниот вторник во Скопје
-
СЗЛДМ - Петиција за итно обезбедување на сензори за сите и квалитетни инсулински пумпи!
-
Преглед на вестите од свет
-
Состанок на НАТО - Помошта за Украина во фокусот
-
Владата не гледа објективни причини за барањето на СДСМ за лидерска средба
-
СДСМ: Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите
-
Храбро срце со реакција за малиот буџет за трансплантации