Врховниот суд на Бразил ја одобри процедурата за импичмент на Русеф
Врховниот суд на Бразил синоќа го одби барањето на Федералната владата за поништување на процедурата за импичмент на бразилската претседателка Дилма Русеф.
Владата вчера побара од Судот да го спречи гласањето во Парламнетот за импичмент на Русеф, кое е закажано за в недела.
За одбивање на владиниот предлог се изјаснија седум од десетте судии на Врховниот суд.
Иницијативата на Владата уследи откако мнозинство пратеници во Конгресот од редовите на најбројната политичка сила, Партијата на бразилското демократско движење (ПМДБ) најавија дека ќе го поддржат импичментот.
Според лидерот на ПМДБ, Леонардо Пициани, дури 90 отсто од 68-те членови на неговата парламентарна група ќе гласаат за импичмент на Русеф, која е обвинета за непочитување на законите за државниот буџет.
Ново на Сител
-
Приватните превозници попладне ќе носат одлука дали од утре воопшто ќе возат
-
Преглед на вестите од светот
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа