Врховната рада му го отвори патот на Луценко до функцијата главен јавен обвинител

Украинските пратеници му го отворија денеска патот до функцијата главен јавен обвинител на Јуриј Луценко, кој е близок соработник на претседателот Петро Порошенко.
Врховната рада усвои закон, кој му оди во прилог на Луценко, кој ја предводи парламентарната група на претседателската партија „Блокот на Петро Порошенко“, јави ТАСС.
Досегашното законодавство предвидуваше главниот јавен обвинител задолжително да има високо образование во областа на правото, како и најмалку десетгодишен стаж во соодветната сфера.
Луценко, поранешен министер за внатрешни работи не ги исполнуваше овие критериуми.
Со денеска усвоените измени за ова функција се бара само високо образование и најмалку петгодишен стаж во областа на правото или во законодавен или безбедносен орган.
Измените беа поддржани од „Блокот на Петро Порошенко“ и партијата „Народен фронт“, а поддршка не им дадоа Радикалната партија на Олег Лашко и „Татковина“ на Јулија Тимошенко.
Евентуалното назначување на Луценко за главен јавен обвинител на Украина претходно беше критикувано и од ЕУ. Еврокомесарот за поширување Јоханес Хан изјави дека Европа очекува функцијата да биде заземена од „човек, кој е добро запознат со правните прашања и со праксата во правната сфера“.
Ново на Сител
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
-

37 годишна скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром
-

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре
