ВРХЛ: Новите шампионки ремизираа со Будуќност
Македонските ракометни првенки и новите шампионки во женската ракометна лига, ЖРК Вардар денеска одигра меч во Женската регионална ракометна лига против Будуќност и во драматична завршница ремизираа со резултат
25:25 (13:14) реми.
Црвено-црните амазонки откако го совладаа Крим во првиот меч од четвртиот турнир од регионалната лига во Скопје ја обезбедија титулата од регионалното натпреварување, по што поопуштено влегоа во мечот со Будуќност.
Црногорките имаа предност во речиси целиот меч, но Вардар успеа да израмни и да поведе со 21:20 во средината на второто полувреме. Будуќност ја врати надмоќноста и имаше два гола разлика 22:24. Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ постигнаа по еден гол за израмнување, пред Будуќност да ја врати предноста со брз контра-напад. Сепак, „црвено-црните“ ја имаа во својот состав расположената Лекиќ, која во последната секунда постигна гол за 25:25.
Лекиќ беше најефикасна кај Вардар со 8 гола, додека по четири постигнаа Пенезиќ и Хмирова, додека кај Будуќност, Јанковиќ имаше 9 гола.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети