Времето во Македонија во текот на денот ќе биде сончево
Времето во Македонија во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот обчаноста ќе се зголеми, така што во вечерните часови во северните делови ќе има локален слаб дожд со ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 27 до 34 степени.
Во Скопје слично време, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Во вечерните часови ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
УВ-индексот ќе има вредност 7.
Од утре, под влијание на серија на влажни воздушни бранови, се очекува значителна промена на времето. Утре и задутре ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, а поголеми количини на воден талог се очекуваат во западните и јужните делови од земјата. Температурата на воздухот значително ќе опадне и ќе се движи од 18 до 25 степени.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера