Македонија
22. May 2016 - 20:28

Времето во Македонија утре ќе биде сончево и топло

Времето во Македонија утре ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно југозападен ветер.  

 
Температурата ќе се движи од 17 до 27 степени.
 
Во Скопје ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер.
 
Температурата ќе достигне до 26 степени.
 
Во вторник и во среда ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен западен и северозападен ветер, а температурата ќе опадне за неколку степени. Во наредните денови се очекува стабилно и потопло време.