Времето во Македонија облачно со кратки сончеви периоди

Времето во Македонија облачно со кратки сончеви периоди, а попладне со повремени врнежи од дожд, на места со ретки грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон среда, особена во северозападните и северните делови, каде локално се очекува да наврнат над 20л/м2. Ќе дува слаб до умерен јужен и југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 14 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд, кој ќе биде пообилен во ноќните часови. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе достигне до седум, а дневната до 17 степени.
Во среда во претпладневните часови се уште ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат послаби и локални. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува умерен ветер од сверозападен правец. Од четврток се очекува стабилно и потопло време.
Ново на Сител
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
