Македонија
23. July 2016 - 21:39

Времето утре сончево и топло, од идната недела...

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има услови за краткотраен дожд. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 27 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе достигне до 36 степени.

Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Од среда условите за попладневна нестабилност ќе се намалат.