Времето продолжува со изненадувања - Еве што не очекува утре
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд на пониските места, а на некои повисоки планини со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, повеќето ќе биде изразен во источните делови на земјава.
Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од осум до 15 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно свежо време. Ќе има услови за слабо проврнување на локален дожд, на планините снег. Ќе има сончеви периоди, а температурата ќе биде во благо покачување. Од четврток и за време на викендот се очекува затоплување.
Ново на Сител
-
Македонија и Бугарија остануваат посветени на пругата од Коридорот 8
-
Преглед на вестите од светот
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
15 цариници и 1 полицаец приведени во акцијата „Премин“ за примање поткуп
-
Села бара "балансер" во МАНУ
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски
-
Парното по стара цена, за струјата се прават анализи
-
Познатиот кардиолог Игор Балевски дел од тимот во клиничката болница “Аџибадем Систина”