Македонија
13. December 2022 - 8:25

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со сончеви периоди во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Под влијание на нов влажен бран утре ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. На места, особено во западните делови, врнежите ќе бидат пообилни.

Од четврток температурата ќе биде во пораст, но ќе има услови за магла и значителна ниска облачност по котлините. Врнежи од дожд повторно се очекуваат во сабота.