Времето денес врнежливо со грмежи, на места дождот ќе биде обоен од пустинска прашина
Времето денеска претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. На места врнежите ќе бидат поројни, а ќе има и услови за појава на грмежи. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Поради изразеното јужно струење ќе има транспорт на пустинска прашина, што ќе предизвика на места дождот да биде обоен. Попладне во поголем дел од земјава врнежите ќе престанат. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје претпладне облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, во вторник и четврток на места пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Од петок под влијание на продор на постудена воздушна маса ќе дува засилен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат.
Ново на Сител
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип