Времето денес ќе биде сончево и многу топло со емператури до 37 степен
Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне во западните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната температура од 32 до 37 степени.
Во Скопје претпладне сончево, а попладне ќе има услови за краткотрајна и локална нестаболност со пороен дожд и ретки грмежи.
До четврток ќе се задржи претежно стабилно и топло време со пораст на дневните температури. Во попладневните часови ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Во петок попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено во северните делови.
В петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата.
Ново на Сител
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал
-
Денеска и утре нестабилно со пороен дожд
-
Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил
-
Општина Карпош демантира дека издала одобрение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“
-
ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари
-
Уапсени седум педофили во Србија, во становите пронајден детски порнографски материјал
-
Русија ги обвини САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената
-
ОЈО отвори истрага против врховниот судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Мемети