Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Локално се очекува да наврнат околу 30 л/м2 воден талог, а ветерот да достигнува брзина од околу 80 км/ч. Ќе има и услови за изолирана појава на град.
Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 14 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
Врнежи од дожд ќе има и во четврток, особено во западните делови. Ќе дува умерен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура. На планините врнежите ќе преминуваат во снег.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим