Македонија
24. November 2021 - 8:32

Времето денес ќе биде облачно и ветровито со локален дожд

Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно, претпладне на југоистокот со локален дожд. Кон крајот на денот облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а попладне слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од еден до седум, а максималната ќе достигне од седум до 10 степени.
 
Во Скопје претежно облачно, претпладне со слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот облачноста делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне 10 степени Целзиусови.

Во следните денови ќе се задржи претежно облачно време. Под влијание на влажен бран од петок ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови, каде на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Од четврток ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, што за време на викендот ќе услови нешто повисоки дневни температури.