Времено укината увозната давачка за свинско месо

Министерството за економија предложи, а Владата на Република Македонија на денешната 67. седница ја усвои одлуката за времено укинување на увозната давачка-специфичната и царинската стапка по вредност за замрзнато свинско месо и други производи од свинско, соопшти владината прес-служба.
- Предлогот се однесува на временски период од шест месеци, а количините се утврдени на ниво од 50 отсто од утврдените потреби за суровини на домашната индустрија, од страна на Стопанската комора на Република Македонија, Групацијата за производство на месо и преработки од месо, врз основа на фактурираната и наплатена реализација во претходната година, се наведува во соопштението.
Со оваа предлог одлука се очекува да се зголеми конкурентноста на домашната индустрија на преработки од месо, а со тоа да се зголеми производството и извозот на преработки од месо и да се зголеми бројот на вработени во домашната индустрија за месо.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
