Време е да се прекине лошата серија против Украинците
Македонската фудбалска репрезентација е пред важен дуел пред својата публика во Скопје. Гостува селекцијата на Украина која традиционално е незгоден противник за нашите репрезентативци.
Во три официјални средби нашите денешни гости трипати забележале победи а последната е од ЕП каде загубивме со 2-1.
Ако се суди по тој меч јасно е дека и вечерва може да очекуваме многу тактика од страна на противникот кој знае да ја држи топката и да прави притисок.
Македонија му ја препушти улогата на фаворит на противникот но очигледно е свесна дека влогот вечерва е голем. Едноставно избраниците на селекторот Милевски можат само да добијат доколку се освои бод или можеби целиот плен пред гостувањето за три дена во Англија.
Фудбалот е магична работа и затоа дуелот Македонија - Украина може да донесе изненадување во наша корист со што конечно би ја прекинале традицијата на порази со Украинците на официјалните средби.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар