Свет
10. March 2021 - 21:17

Вредноста на биткоинот повторно над 57.000 долари

Вредноста на биткоинот денеска се зголеми за 5,26 проценти и достигна 57.079 долари, според порталот CoinDesk. Оваа криптовалута претходно беше над 57.000 долари на 22 февруари.

Биткоинот е криптовалута измислена од непозната личност или група луѓе во 2008 година, користејќи го името Сатоши Накамото.

Тоа е децентрализирана дигитална валута без централна банка или претседател, што може да се испрати од еден корисник на друг корисник директно, без посредници, преку биткоин мрежата.