Вработените од „Југохром“ два часа протестираа кај Желино

Со двочасовна блокада на патарината кај Желино на автопатот Тетово - Скопје, работниците на „Југохром Фероалјос“ го искажаа своето незадоволство од вчерашната одлука на Државниот инспекторат за животна средина со која се продолжува забраната за работа на комбинатот за дополнително 90 денови бидејќи се уште не е поставен системот за отпрашување на фабричките оџаци.
Работниците бараат да се укине одлуката, која според нив, е неоправдана и да се рестартира фабриката. Најавија дека доколку не им се одговори позитивно на барањата, ќе ги радикализираат протестите.
- Протестот денеска го организираме за да влијаеме Владата да донесе позитивна одлука против неоправданото исклучување на печките од работа. Со тоа би се ставило крај на неизвесноста околу егзистенцијата на седумстотини вработени. Доколку тоа не се случи, од утре државата ќе има нови седумстотини невработени, изјави Светлислав Спасовски од Синдикатот на „Југохром“.
Синдикалците велат дека се во постојан контакт со раководството од „Југохром“ и оти им веруваат на нивните најави дека ќе биде поставен системот за отпрашување како услов за повторно работење на комбинатот.
- Се гледа дека се работи на тој систем, дополнително што менаџерот од Југохром кажува дека со банкарска гаранција може да потврдат оти намерите им се да го направат системот за отпрашување, изјави Пеце Ристовски, претседателот на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство.
Работниците очекуваат позитивен одговор од институциите откако вчера од управата на фабриката најавија дека веќе нема да ги плаќаат како во изминатите три месеци кога се водеа на принуден одмор и добиваат 70 отсто од платата.
„Југохром“ ги изгасна печките на почетокот од ноември минатата година согласно одлуката на Државниот инспекторат за животна средина бидејќи управата на фабриката не го испочитува двегодишниот рок за поставување на филтри на оџаците. Од управата посочија дека 21 месец чекале да ги добијат потребните дозволи за да отпочнат со негова градба и од јули интензивно работат на поставување на системот за отпрашување. Поради тоа тие побараа продолжување на рокот за 18 месеци.
Ново на Сител
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
-

МЖ Транспорт продолжува непречено да работи, проблемите надминати, платата исплатена
-

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија
-

Мајката тврди дека со двегодишното дете гледале огномет, слушнала звук по што видела крв на неговата глава
