Вработени во здравството излегоа на предупредувачки протест за поголема плата
Со вклучување на сирените на возилата за Брза помош почна предупредувачкиот протест на вработени во здравството за поголеми плати.
За време на паузата здравствени работници и административно - технички персонал од Независниот синдикат при КСОМ излегоа пред установите каде работат и го искажаа барањата за како што велат да имаат достоинствен живот.
- Со 25 годишен работен стаж платата ми е помала од почетна плата на сите маркети во Македонија. Со ова не сакам да деградирам никоја професија туку сакам да кажам како стојат цифрите, изјави Кристина Олевска, Независен синдикат на здравствени работници во ГОБ “8 септември”
- Бараме за 30 проценти покачување на платите на сите здравствени работници, инфективен додадаток од 4 отсто, изјави Лазо Костовски, претседател на Независен синдикат на Геријатрија.
- Бенифициран стаж и трансформација на работниот однос од определено на неопределено време, изјави Боби Бојчевски, Независен синдикат на вработени во здравството.
Инаку викендот по најавата за предупредувачки протест министерството за здравство излезе со став дека годинава на 2 пати биле покачени платите на здравствените работници, а за трет пат немало пари.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар