Вработена во скопска туристичка агенција си присвојувала пари од уплатите за аранжмани

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Н.Д.Т.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.
Пријавената, вработена како администратор за туризам во правно друштво од Скопје, во периодот од 20.07.2019 до 05.09.2019, сукцесивно во повеќе наврати присвоила за себе парични средства во вкупен износ од 140.624 денари кои и биле доверени во работењето од извршената наплата од продадени туристички аранжмани за шест лица. Таа изготвила и издавала договори за патување и ваучери во име и за сметка на правниот субјект, при што примероците од договорите за патување кое ги одлагала во досието на патниците, внесувала невистинита цена на чинење на туристичкиот ангажман во помали или поголеми износи на парични средства, а додека во примероците кои ги давала на патниците внесувала и наплатувала вистинска цена или помала цена, односно самоволно давала попусти спротивно на официјалниот ценовник за лето 2019 година.
Воедно, за наплатените парични средства не издавала фискална сметка, а издадените и потпишаните ваучери не ги одложила во досието за патници, туку ги уништувала, а со тоа го оштетила правниот субјект за 166.736 денари.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
