Вработен во обезбедувањето во продавница застрелан откако побарал од жена да стави маска за лице
Во градот Флинт во американската сојузна држава Мичиген вработен во обезбедувањето во една продавница бил застрелан откако побарал од жена да стави маска за лице поради пандемијата на коронавирусот.
43-годишниот Калвин Мунерлин починал во локалната болница откако бил застрелан од напаѓачите во главата. Убиецот и уште еден соучесник се уште се на слобода, соопштија од локалната полиција за „СиЕнЕн“.
Сведоци откриле дека Мунерлин претходно бил во вербална кавга со жена која не носела маска. Тој поради наредбата на властите побарал жената да стави маска пред да влезе во продавницата, а тоа го потврдила и снимката од надзорните камери.
На снимките можело да се види како жената потоа си заминува со својот автомобил, а 20-тина минути подоцна истото возило се враќа пред продавницата. Овојпат две лица влегуваат во продавницата, од кои едниот од напаѓачите го обвинил Мунерлин за непочитување на неговата сопруга. Потоа, другото лице го застрелува.
„Ова е бесмислено. Поради маска. Поради маска?“, изјави Тина Џејмс, роднина на убиениот.
Ново на Сител
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина