Вознемирувачко видео: Тешка сообраќајка во Охрид, двајца инспектори во тешка состојба?
Порталот Охрид скај објави вознемирувачко видео до кое дошла редакцијата, на кое се гледа дека на 17-ти декември 2023 година, во 00:40 часот, на крстосницата на булеварот „Железничка“ со улицата „Будва“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа, во која се повредени две лица.
Незгодата, како што пишува Охрид скај, се случила помеѓу патничко возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 48-годишно лице од Охрид и патничко возило „Форд“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од 37-годишно лице од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двете лица во возилото „Форд“, пишува Охрид скај.
Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи, а возачот на „Мерцедесот“ бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик,стои во соопштението на МВР.
Од видео материјалот може да се согледа дека лицето С.Ц.А кој управувал пмв „Мерцедес“ на улица Железничка, возилото се движело со брзина за која експертите кои го погледнале видеото оцениле дека е над 160 км/ч.
Двете лица, како што пишува Охрид скај, кои се наоѓале во возилото „Форд“ сопственост на МВР имаат тешки телесни повреди, од кои возачот има фрактура на 7 ребра, пнеуаторакс, набиеници и истиот се наоѓа на клиниката за торакална хирургија во комплексот клиники „Мајка Тереза“во Скопје. Совозачот во возилото „Форд“ се здобива исто така со тешки телесни повреди -фрактура на 12 и 13 пршлен, набиеници по цело тело, повреда на десно око. И двајцата полициски службеници имаат животно загрозувачки повреди.
Од редакцијата Охрид скај прашуваат зошто за лицето кое го возело мерцедесот нема мерки на претпазливост.
Ново на Сител
-
Од утре автобусите се враќаат на скопските улици – Вонредна седница на Град Скопје
-
Герасимовски: Град Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар
-
Тема на денот со Стефан Кирков, ВМРО-ДПМНЕ
-
Вонредна седница на Владата: ЈСП ќе добие нафта од државните резерви
-
Итна седница во советот на Град Скопје
-
Македонскиот јазик е на удар на соседите и со тоа е загрозен пристапниот процес во ЕУ
-
Растат платите, но и трошоците - За една година животот поскап за 13.000 денари
-
Граѓанските организации бараат државата да ги унапреди превентивните здравствени програми и да не крати средства