-->
-->
Вознемирувачко видео од несреќата во Батинци каде загина маж
-->
Вознемирувачко видео од моментот на несреќата во Батинци во која загина 49-годишен маж објави ТВ 21.
Станува збор за безбедносна камера на чија снимка се гледа дека автомобилот марка „БМВ“ кој удира во возило марка „Шкода“ вози со огромна брзина.
Во меѓувреме, МВР соопшти дека со автомобил „Шкода“ управувал Н.Р.(49) од село Батинци, додека се судрил со автомобил „БМВ“ управуван од А.Х.(26), исто така од село Батинци.
„По несреќата Н.Р. бил препратен во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде била констатирана смрт. А.Х. се здобил со полесни телесни повреди констатирани и исто така е во Комплексот клиники „Мајка Тереза““, се наведува во известувањето на МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова криза со недостиг на терапија на Онкологија – тендерските процедури биле во тек
-
Само 25% од невработените во Македонија решиле да се доедуцираат во центарот за образование за возрасни
-
Бока: Пристапувањето во ЕУ треба да се заснова на заслуги, Македонија веќе требаше да е дел од унијата
-
Конечно започнува реставрацијата и конзервацијата на црквата на манастирот Трескавец
-
Преглед на вестите од светот
-
Историски скок на Волстрит, Европската комисија го поздрави потегот на Трамп
-
Судскиот Совет го разгледува предметот за Теодора
-
Се уште не се знае каде ќе се суди за трагедијата во Кочани