Вознемирувачко: Расчеречиле и одрале волк па се пофалиле на Фејсбук
Двајца ловџии од Сурдулица, И.М. и Д.Ф. минатиот викенд убиле волк на Власина, а потоа фотографиите за тоа како го дереле, сечеле и черечеле ги објавиле на Фејсбук.
Таквите фотографии наидоа на жестоки реакции кај здруженинијата за заштита на природата, како и други ловџии и Заводот за заштита на природата.
Тие се шокирани од бруталноста на овие луѓе:
-Етичката работа во овој случај е на прво место. Заводот за заштита на природата се бори волкот да биде заштите на целата територија на Србија, каде е заштитен со Законот за лов. Ако ловот е извршен во заштитена зона, мора да реагираме. Таковото однесување на ловџиите е страшно. Тоа што го направил човекот е дивјаштво, а не спротски лов, велат од Заводот.
Согласно законите волкот е заштитено животно со ловостој и ловџиските здруженија имаат годишен план за стопанисување и така планираат колку дивеч ќе има за отстрел во одреден период.
Ново на Сител
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже