-->
-->
Вознемирувачки пораст на број на заболени деца од рак во Горна Јура, Франција
-->
Регионалната здравствена агенција (АРС) за Бургундија Франш-Комте соопшти дека почнала епидемиолошко истражување по откривањето на десет сомнителни случаи на педијатриски карциноми во Горна-Јура. Деца од шест месеци до 13 години кои живеат во општините Русе, Морбие, Морез, Сен Пјер и Преманон.
АРС посочува дека го информирала Јавното здравство на Франција, агенција под надзор на Министерството за здравство, за да иницира епидемиолошко истражување за овие случаи и да побара можно објаснување. На 14 октомври се одржала првата информативна средба за семејствата.
– Во интерес на транспарентност и слушање на семејствата, целта беше да се разговара за пристапот, целите, методите и вклученоста на овие семејства во овој процес, кој сега е во тек – се наведува во соопштението на АРС.
Русе е планинско одморалиште со 3.500 жители.
РЕМЕРА (Регистарот на малформации во Рона-Алпи) наведува дека осумте случаи на малформации кај бебињата на територија во радиус од само 17 километри се должи на загадување со пестициди или токсини и контаминирана вода.
Француските властите апелираат да не се создава психоза кај граѓаните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Столтенберг: Украина има право да напаѓа цели во Русија
-
Вучиќ: За мене изборите завршија, ќе има многу важни одлуки на Сесрпскиот собор
-
Османи за експропријациите на север: Косово го испочитува законот, на сојузниците да им се објасни детално
-
Бајден најави нова помош од 225 милиони долари за Украина на разговорите во Париз со Зеленски
-
Писонеро: Украина и Молдавија ги исполнија условите за старт на преговорите за членство во ЕУ
-
Најмалку 13 повредени во експлозија во популарна продавница во Романија
-
Претседателот на Собранието Африм Гаши се сретна со евроамбасадорот Дејвид Гир
-
За два денара поевтинува ЕУРОСУПЕР БС-95