Македонија
17. May 2022 - 9:41

Возел со 202 км/ч, 166 возачи казнети за брзо возење низ земјава

Казнети се 166 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Од МВР денеска информриаа дека 53 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.