-->
-->
Воздухот во Куманово вчера загаден, покажаа податоците на мерните станици
-->
Воздухот во Куманово вчера беше загаден, покажаа податоците на мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање и податоците на шесте мерни станици кои Општината ги набави и постави на шест локации во градот. Речиси во сите реони во Куманово концентрациите на штетните честички го надминуваа дозволениот праг.Кумановци можат да го следат квалитетот на амбиенталниот воздух на шест различни локации во централното градско подрачје и во населбите. Станиците се поставени во училиштето „Наце Буѓони“, Домот за стари лица „Зафир Сајто“, во Занаетчискиот дом, во ОУ „Кочо Рацин“, кај противпожарната станица и во ОУ „Магдалена Антова“. Станиците го мерат квалитетот на воздухот, а податоците ќе се ажурираат на дневна база на општинската веб-страница.
Куманово склучи договор со приватна компанија за набавка на систем за мерење на аерозагадување, во ноември годинава. За набавката на системот, Општината од буџетот одвои 659.200 денари без данок на додадена вредност со избрана компанија од Скопје на претходно објавена јавна набавка.
Во градот има една високопрофесионална мерна станица поставена пред повеќе од десет години во дворот на Општата болница Куманово.
Изминативе години Куманово пред пандемијата донесе сет мерки за намалување на аерозагадувањето, меѓу нив клучна, гасификацијата на повеќе установи. Еден од најголемите загадувачи, бидејќи се затоплува на мазут е кумановската Општа болница. Претходниот месец беше извршено пробно пуштање на гас во установата кое помина успешно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гренланд ја отфрли идејата на Трамп за испраќање медицински брод
-

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор
-

Како со децата со атипичен развој | Огњен Самарџиќ и Добрина Костовска | Sitel Podcast 139
-

Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
-

Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило
-

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели
-

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби
-

Германија планира да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот
