Воздухопловната бригада го одбележа 10 јуни - денот на единицата
Извршување на службата на највисоко можно ниво и со најдобар квалитет, како и обновување и квалитетно одржување на техниката, се приоритетите на Воздухопловната бригада од составот на Здружената оперативна команда, кои денеска на свеченоста по повод одбележувањето на 10 јуни - Денот на единицата, ги изнесе нејзиниот командант, полковник Роберт Малезански.
Тој во своето излагање пред присутните на свеченоста во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец нагласи дека техниката е од витално значење за извршување на мисијата на единицата и за обука на персоналот, со цел одржување на постојано висока борбена готовност на оваа единица.
Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал- мајор Азим Нуредин честитајќи им го денот, истакна дека сите нејзини припадници се оспособени и обучени за извршување на задачите кои произлегуваат од специфичната мисија на оваа единица, вежби и мисии во рамки на НАТО структурите, како и при справувањето со различни елементарни непогоди кои ја погодија Република Македонија во минатото.
По повод денот на единицата беа соопштени наредби за унапредување, а пехар и преодно знаме за постигнување резултати во извршувањето на мисијата на единицата доби сквадронот за транспортни хеликоптери, соопшти МО.
Во рамки на свеченоста, се релизираше прелет на воздухопловите од Воздухопловната бригада и Центарот за обука на пилоти и изложба на материјално технички средства со кои располага единицата.
Со одлука на претседателот на државата за определување на денови на единиците на АРМ, за ден на вбр е одреден 10 јуни, со традиции на денот на првиот лет на македонски воен екипаж на Военото воздухопловство на АРМ во 1992 година.
Од почетокот оваа единица беше составена од авијациска бригада со авијациски, транспортен и борбен хеликоптерски сквадрон по што во 2005 година се трансформираше во помала, покомпактна единица наречена воздухопловен ВИНГ (воздухопловна извидувачка напаѓачка група), која фигурира до 2012 година, кога повторно се формира воздухопловна бригада во составот на Здружената оперативна команда.
Ново на Сител
-
По две недели, трагедијата во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“
-
30 дневен притвор за обезбедувањето на Мицкоски се обидел да земе 50.000 евра за службените документи
-
На сметките на пензионерите легнаа повисоки пензии за 2.500 денари
-
Трендафилов со предлог - И јас и пратениците да земаме 500 евра плата, но и работниците да добијат толку
-
Државата ќе им исплаќа субвенциониран оброк и на вработените студенти со плата под минималната