-->
-->
Возач на камион повреден кај Кадрифаково
-->
При истовар на песок повреден е 28-годишниот скопјанец Ј.Б., кој управувал влекач „Ман“ и приколка-кипер марка „Утва ПП 30“, со скопски регистарски ознаки.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера во 9:40 часот на магистралниот пат Велес – Штип, на делот кој е во изградба, во близина на село Кадрифаково. При истовар на песок, приколката се подигнала и паднала, повлекувајќи го со себе и Ј.Б.
На Ј.Б. му била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар-Штип каде му била констатирана тешка телесна повреда, скршеница на лев колк, по што бил пренесен во Клиничкиот центар-Скопје на понатамошно лекување.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Свети Николе и инспектор за труд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева