-->
-->
Возач на автобус доби затворска казна за сообраќајка на автопатот Велес-Скопје
-->
Затворска казна од три години денеска доби 50-годишниот возач на автобусот „Бус травел – Скопје“, Ацо Николовски, кој на 20 август 2017 година направи сообраќајка во близина на месноста „Пуста Кула“ на автопатот Велес-Скопје.
Во сообраќајната несреќа, од здобиените повреди починале двајца патници,13 биле тешко повредени, а 12 со телесни повреди.
Како што информираат од Основниот суд Велес, Николовски денеска во судница, каде присуствувале дел од повредените патниците во автобусот, им се извинил на патниците за стореното, и го признал делото за кое се товарел „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Според Обвинителството, сообраќајната несреќа на автобусот се случила бидејќи возачот на автобусот не ја држел страната и правецот на движење, не се движел по средината на коловозната лента на која се наоѓал, туку преминал на левата коловозна лента, излегол од коловозот, удрил во металната заштитна ограда и на левата бочна страна се превртел со автобусот полн со патници при што дошло до несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица