Воспаление на срцето: Поверојатно после ковид или после ковид вакцина?

Од почетокот на 2021 година, два медицински термина од кардиологија почнаа да се експлоатираат сѐ позачестено во ковид пандемиските вести: миокардитис – воспаление на срцевиот мускул и перикардитис – воспаление на обвивката околу срцето.
Официјалниот глобален наратив промовиран од секоја здравствена агенција и мејнстрим медицинска заедница беше и сè уште е дека „ретки и лесни“ случаи на воспаление на срцето навистина може да бидат предизвикани од ковид мРНК вакцините, но дека вирусот SARS-CoV-2 е многу поверојатно да го воспали срцето.
Всушност, во една студија е најдено дека релативниот ризик за миокардитис е повеќе од 7 пати поголем кај групата со ковид инфекција отколку во вакцинираната група. Но, дали е тоа навистина точно? Во текот на последните три години, се акумулираа бројни и силни докази кои укажуваат дека, всушност, важи обратното. Да, добро прочитавте: повисока е веројатноста вакцините да предизвикаат воспаление на срцето.
Списанието ЕМИТЕР на нивниот портал објавува статија во која се анализираат споменатите научни трудови во форма на проверка на факти на познати тврдења што циркулираат низ јавниот простор – изјави на официјалните институции и лица, социјалните медиуми, портали, весници..., наспроти реалните податоци добиени од истражувањата.
Повеќе сериозни истражувања публикувани во научни списанија укажуваат дека врската помеѓу перикардитот /миокардитот и вакцините против ковид е појака од самиот ковид. Такви се резултатите од студии спроведени во Израел, од онаа во скандинавските земји, од Обединетото кралство, Јапонија...
Истражувањата ги анализираат ефектите од ковидот и од вакцините против ковид и кај постари лица и кај адолесценти и кај деца, а има и систематски рецензии. Кај секоја од нив резултатите се поразителни – вакцините против ковид имаат поголем удел во развој на срцевите воспаленија отколку самиот ковид!
Целата статија со вклучените референци можете да ја прочитате на Емитер: https://emiter.com.mk/vesti/21326
Ново на Сител
-

Владата со демант за набавка на вода за Гостивар: Договорот преку тендер го доби „Кожувчанка“, СДСМ ја манипулира јавноста
-

Министерството за енергетика: Домашниот електроенергетски систем е стабилен и подготвен
-

Роверот „Кјуриосити“ на НАСА откри полигонални пукнатини на Марс
-

Меколи Калкин се сретнал со „Дизни“ за „Сам дома 7“
-

Актерот Бен Афлек освои милион долари во квизот „Кој сака да биде милионер“ - ги донираше на локалните заедници во Конго
-

Сингапур им забрани на „Масив атак“ влез во земјата поради палестинското знаме
-

Во западна Турција откриена ретка статуа стара 2.500 години
-

Ендрик сака да го напушти Реал
