-->
-->
Вооружени полицајци пред Амбасадата на Еквадор во Лондон
-->
На основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, Еквадор му одобри политички азил, но во воздух виси прашањето како тој би можел да излезе од амбасадата на таа земја во Лондон, каде што се крие од 19 јуни, откако Британија, решена да ѝ го испорача на Шведска, го предупреди дека нема да му дозволи безбедно да излезе од земјата. Меѓу можностите со кои се шпекулира е шверцување на Асанж во дипломатска торба или именување за дипломат на Еквадор.
Асанж би можел да биде заштитен од апсење доколку патува со дипломатски автомобил, но би било тешко да се стигне до такво возило, бидејќи амбасадата се наоѓа на првиот кат на зградата, која е под деноноќен надзор на полицијата, наведува Ројтерс.
Дворот на таа зграда има неколку влезни капии и приватен паркинг, но амбасадата на Еквадор не е внатрешно поврзана со ниту еден од тие влезови, така што Асанж би можел да излезе само на предниот влез, изјавил за британската новинска агенција анонимен шеф на обезбедувањето на зградата.
„Не постои начин возило да влезе во кругот на зградата бидејќи тоа е приватен паркинг и воопшто не е поврзан со просториите на амбасадата на Еквадор“, објаснил тој, додавајќи дека Асанж, нормално, би можел да излезе низ прозорец, но и дека насекаде наоколу има камери.
Дури и ако успее да излезе од зградата и да влезе во автомобил што би го чекал напред, а полицијата да не го забележи, Асанж би морал во одреден момент да излезе од возилото за да се качи на авион што ќе полета од Британија, со што би им овозможил уште повеќе шанси на властите да го уапсат.
Други можности за кои дискутираат правниците на Интернет ја вклучуваат можноста тој да биде прошверцуван во дипломатска торба, што би било противзаконско, или тој да биде именуван за еквадорски дипломат, со што би стекнал имунитет, но адвокатите и дипломатите сметаат дека ниту една од тие можности не е реална.
Еквадор му одобри политички азил на Асанж откако британските власти се заканија дека ќе упаднат во амбасадата на таа земја во Лондон и ќе го уапсат основачот на Викиликс, а Британија е решена, како што истакнува, да ја исполни својата обврска и да го екстрадира Асанж во Шведска, за да одговара за обвиненијата за сексуален престап.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците