ВООРУЖЕН И ОПАСЕН: Телохранителот на Трамп имал лажни раце, а со вистинските држел оружје
Телохранителот, кој е крупен, со избричена глава и опасен поглед, цело време е на исто растојание од Трамп и речиси не ги поместува рацете
Лажни пластични раце пред себе, додека со вистинските под капутот држи автоматско оружје спремен да пука во секое време доколку се појави каква било опасност. Тоа се претпоставките на социјалните мрежи откако се појавија фотографии на кои се гледа дека еден од телохранителите на Доналд Трамп рацете ги држи цело време во иста позиција.
Фотографиите се од малата парада на Трамп и неговото семејство низ авенијата Пенсилванија, во Вашингтон, набргу по инаугурацијата минатата недела. Телохранителот, кој е крупен, со избричена глава и опасен поглед, цело време е на исто растојание од Трамп и речиси не ги поместува рацете.
Неговиот капут е доволно голем, за под него, со вистински раце, да држи автоматско оружје. Сомневањата дека се работи за нова метода на претседателското обезбедување се појавија откако се увиде дека другите телохранители се движат нормално со рацете до себе. Опасниот телохранител со левата рака го држеше малиот прст од десната дланка, која, пак, за цело време беше со раширени прсти.
Сепак, во еден миг од снимките се гледа како телохранителот ја придвижува десната дланка. Но, и тоа не ги задоволи вљубениците во теориите на заговор, кои и натаму се убедени дека се работи за вештачка, роботизирана рака, додека вистинската рака е под капутот со прстот на орозот од машинката.
Ново на Сител
-
Германија го враќа центарот за поправка на украинска опрема од Словачка
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога
-
Во Тирана уапсени дилери на дрога кои работеле како новинари
-
Студен бран со пообилни врнежи од дожд и снег
-
МВР: Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и не споделувајте лични податоци
-
МВР со детали за акцијата во Арачиново, пронајдено оружје и муниција
-
Од 1 јануари јавниот превоз во Белград ќе биде бесплатен
-
Во автомобил на 24 годишен скопјанец пронајдено над 100 пакувања со кокаин и хероин