Македонија
25. October 2017 - 18:21

Вооружен грабеж во банка во Аеродром

 Непознато лице денеска извршило оружен грабеж во експозитура на Стопанска банка во Аеродром, на улица „1613“, потврдија од МВР за МИА.

- Околу 11:30 часот е пријавено дека од страна на непознато лице со огнено одужје извршено е разбојништво, при што е одземена одредена сума на пари, изјави портпаролот на МВР Лиза Бендевска.

Засега не се соопштува колкава сума пари е украдена.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.