-->
-->
Вонредни мерки за рестрикција на вода за наводнување од акумулацијата Калиманци
-->

Водостопанство „Брегалница“ од Кочани која стопанисува со водите од Хидросистемот „Брегалница и акумулациите Калиманци, Ратево, Градче и Мавровица, од денеска воведува нови мерки на рестрикција на водата за наводнување по десниот магистрален канал од Хидро системот Брегалница, за водокорисничките здруженија од Виничко, Кочанско, Штипско и Свети Николско.
- Вонредните мерки за рестрикција на водата кои ќе траат 24 часа по региони од десниот магистрален канал, ги воведуваме со цел рационално искористување на водата од Хиудросистемот Брегалница и акумулацијата Калиманци. Од вечерва од 19 часот па во наредните 24 часа вода за наводнување нема да добиваат Водните заедници од Мустафино,Свети Николе и Оризари.Утре на 30 јули ќе бидат исклучени за наводнување Водните заедници од Ерџелија,Црнилиште и Кочани, а задутре на 31 јули Водните заедници Балван,Крупиште и Тркање, изјави Зоран Беличев, директор на Водостопанство од Кочани, по одржаниот вонреден состанок со претседателите на Водните заедници од регионот.
Според него, ваквите рестриктивни мерки во користењето на вода ќе се применуваат се до намалување на високите температури кога и потрошувачката на вода се очекува да биде намалена. Инаку, како што нагласи тој, во акумулацијата Калиманци има доволни количини вода за реализирање на наводнителната сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
