Вонредна временска прогноза за скопскиот регион
Во планинските региони на северозапад и на исток, попладневно има развој на конвективна облачност, а поизразен северен ветер има во Овчеполието и во Штипско, соопштуваат од УХМР.
За подоцнежните часови најавуваат дека од север ќе почне да дува засилен северен ветер и облачноста ќе се зголемува. Ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено на северот и на истокот. Нестабилно ќе биде и во делови од скопската котлина.
Во вечерните часови некаде процесите ќе бидат поизразени, локално и во форма на невреме. Засилен ветер, грмежи и повремен дожд ќе има и во текот на ноќта.
Утре ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен северен ветер, кој вдолж Повардарието и во источните делови повремено ќе достигнува брзина и над 90 километри на час. Дневните температури ќе бидат значително пониски во однос на денешниот ден.
За време на викендот времето ќе биде стабилно, но во сабота се уште со повремено засилен северен ветер. Стабилно ќе биде и од понеделник, а дневната температура ќе продолжи постепено да расте.
Ново на Сител
-
Шест лица повредени во сообраќајка во Куманово, меѓу нив и четворица полицајци
-
Во Словенија и Хрватска издадени предупредувања за невреме
-
Директорот на Ферари: Хамилтон ќе биде конкурентен и тоа многу наскоро
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Во Кавадарци одземено возило поради создавање бучава
-
Руте повика на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина
-
Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака за железничкиот Коридор 8
-
Без вода утре селата Батинци и Љубош