Вонреден инспекциски надзор во ГОБ „8-ми Септември“ откако пациент се фрли од прозорец
Вонреден инспекциски надзор во ГОБ „8-ми Септември“ откако пациент се фрли од прозорец. Државниот здравствен и санитарен инспекторат во моментот врши вонреден инспекциски надзор во Градската општа болница „8-ми Септември“ откако рано изутрина пациент заразен со Ковид-19 се фрли од првиот кат на Ковид-центарот. Ова за Сител го потврди директорката на ДЗСИ, д-р Ирина Сотирова Бухова. Неофицијално станува збор за лица на возраст од 70 години кое во болницата било згрижено неколку дена, а имало и претходни психички проблеми. Засега не успеавме да добиеме став од директорот на болницата, д-р Христијан Костов и одговор на прашањето зошто лице кое имало претходни психички проблеми било хоспитализирано со останатите пациенти и не добило дополнителна помош и згрижување каде што не би можел да си наштети самиот на себе. „8-ми септември“ е најголем ковид центар во државата. Според последите информации објавени од здравство, во оваа болница згрижени се 69 пациенти заразени со коронавирусот.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни