Македонија
6. March 2017 - 11:27

Волонтерска обука за заштита при катастрофи

Младите волонтери од три општински организации на Црвен крст, од Кочани, Куманово и Крива Паланка виендов посетија дводневна обука за заштита и самозаштита во случај на катастрофи.

Обуката која ја спроведе Александар Стојановски, национален координатор за катастрофи, е дел од иницијативата за размена на волонтери.

- Двата дена од викендот со дваесетина волонтери, по седум од секоја од трите града, учевме за заштита и самозаштита во случај на катастрофи, но и како тие тоа знаење да го пренесат на врсниците во окружувањето. Кривопаланечката општинска организација беше домаќин на втората обука за надоградба на младински капацитети со цел создавање едуцирани и безбедни млади, изјави Давор Петровски, координатор на иницијативата.

Прва средба од размената младите волонтери остварија пред две седмици.

- Како почеток на иницијативата беше одржан тренинг за врснички едукатори во Куманово, а следна активност ќе се рализира во ОО Црвен крст Кочани, каде ќе се спроведат едукацисики сесии за ХИВ-сида, додаде Петровски.

Воспоставената регионална соработка на ниво на општински организации е прва од ваков вид во големото хумано семејство на Црвен крст.