Волонтер ја прими првата тест-доза на вакцината против Ковид-19 развиена од турски Универзитет
Волонтер во Турција ја прими првата тест доза на „ERUCOV-VAC“, потенцијалната вакцина против коронавирусот развиена на турскиот Универзитет во Ерџијес (ЕРУ), јави агенцијата Анадолија.
Станува збор за потенцијална вакцина развиена во Центарот за истражување и развој на вакцини на Универзитетот во Ерџијес (ERAGEM), а која ја произведува компанијата „Кочак фарма“.
Турското Министерство за здравство од почетокот го поддржува тој проект, кој се спроведува во рамките на домашните турски ресурси.
Со апликација на првата доза, започна првата фаза на тестирање на ефикасноста на потенцијалната турска вакцина.
Волонтерот Назиф Дурна рече дека е среќен што може доброволно да придонесе за ширење надеж меѓу луѓето.
Ректорот на ЕРУ, Мустафа Чалиш, изјави дека претклиничките тестирања се завршени и дека на почетокот на јануари идната година би требало да биде завршена првата фаза од клиничкото тестирање. јави Анадолија.
Тој појасни дека во интервал од три недели волонтерот ќе прими уште една доза од потенцијалната вакцина, и дека наредната фаза на тестирање ќе се раководи согласно набљудувањата и резултатите од новозапочнатото тестирање.
Ново на Сител
-
Македонска влада за Мицотакис: Не е точно дека го прекршуваме договорот Преспа, Брисел да не оценува по реформите
-
Загина 14-годишно момче откако врз него паднал бојлер
-
Бугарка приложила фалсификувана лична карта во скопска банка
-
ЦУК: Стабилна состојбата со водостоите на реките во тетовско и гостиварско, патните правци проодни
-
ЕВРО2024: Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од дива депонија на „Пластичарска“
-
Сараево: Ги убил братот и снаата, ја запалил куќата, па се самоубил
-
Поплавен погон на скопска фирма