Војводи: Општина Тетово да се вразуми и да ни дозволи „братското дерби“ со Вардар да го играме на Градскиот стадион
Навивачката група на фудбалскиот клуб „Тетекс“ од Тетово, популарните „Војводи“ во соопштение објавено на нивната страна на социјалните мрежи реагира на одлуката на општина Тетово и фудбалскиот клуб Шкендија да им забрани својот натпревар против Вардар викендов да го играат на градскиот стадион во Тетово. Од навивачката група потсетуваат дека стадионот е граден со пари на сите граѓани и дека не може општината да и дава екслклузивитет на Шкендија таму да ги игра натпреварите.
Во продолжение нивното соопштение.
Поради ново настанатата ситуација околу Градскиот стадион во Тетово и информацијата која ја добивме од нашиот клуб Тетекс дека Општина Тетово во координација со фудбалскиот клуб шкендија посакува братското дерби да го забрани по секоја цена да се одигра во сабота на Градскиот стадион во Тетово, ние како навивачка група ВОЈВОДИ јавно упатуваме апел до надлежните во Општина Тетово и шкендија да се вразумат и нивната вчерашна одлука да ја повлечат, да се извинат и да не предизвикуваат непотребни конфликти и омраза кон Тетекс и Македонците во Тетово ! Затоа што оваа забрана за настап на Тетекс на Градскиот стадион ќе ја прифатиме исклучиво само како поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост, омраза кон македонскиот народ, свесно предизвикување на немири, проблеми во градот и против развојот на спортот. Исто така да напоменеме дека во последните неколку години сме сведоци на една кампања на која целата реторика е “едно општество за сите” па би сакале да прашаме дали ова е тоа “едно општество за сите” ? За каква еднаквост зборуваме кога во општините каде што Македонците се со помал процент на жители не се применува таа еднаквост. Ако таа еднаквост ја нема секаде тогаш зошто да мачкате очи со тоа ширум македонската јавност или пак таа еднаквост не е намената во средините каде што живееат поголем процент на албански граѓани?
Ние тука не сме сирачиња кои ќе се условуваат кога би можеле да играме како што ни се налага цело време, а тоа е наместо во сабота натпреварот да се игра во петок или понеделник.
Стадионот е граден од парите на нашите дедовци, чичковци, татковци кои работале за помала плата на времето во фабриката Тетекс со цел Тетово и Тетекс да добијат фудбалски храм како што доликува. Градскиот стадион во Тетово е НАШ СТАДИОН, НАШ ДОМ !Доколку оваа одлука не се укине и продолжи инатот од страна на Општина Тетово и шкендија која без никаков правен документ го држи стадионот во нивна сопственост, ќе бидеме приморани да излеземе на улица да ја бараме правдата, но и покрај улица ќе започнеме и правна борба за нашиот стадион !
Ако не се изнајде решение ќе ги повикаме сите поранешни работници во фабриката Тетекс кои плаќале за овој стадион, поранешни и сегашни фудбалери на Тетекс од цицибани до сениори, сите поранешни и сегашни македонски советници во Општина Тетово, сите генерации на нашата навивачката група, сите фанови на Тетекс, љубители на спортот во Тетово, СИТЕ МАКЕДОНЦИ да застанат зад нашиот протест кој ќе го најавиме !
Македонецот доста време е угнетуван од сите страни во Тетово, Македонецот во Тетово време е да го крене својот глас додека не е предоцна, Македонецот во Тетово време е да покаже дека ова е негов град, дека ова е Македонија и дека нема да има намера да потклекнува !
Можеби сите мислат дека малку останавме, но се уште многу сме и НЕ СЕ ПРЕДАВАМЕ !!!
ВРЕМЕ Е ЗА МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИЈА ВО ТЕТОВО !
СО ВЕРБА ВО БОГ ВОЈВОДИ ДО ГРОБ !!!
Ново на Сител
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите